Тачи тврди дека Косово ќе добие своја војска до крајот на годината

Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека до крајот на оваа година Косово ќе добие своја војска..

Тачи, во интервју за „Радиотелевизија Косово“ изјави дека во формирањето на косовската војска очекува силна поддршка и соработка од САД и од НАТО, вклучувајќи ги и измените на косовскиот устав, како неопходен услов.

„Војската ќе биде воспоставена оваа година во соработка со НАТО и со САД, а канцеларијата на претседателот (на Косово) ќе го води овој процес во соработка со новиот министер. Ќе изградиме модерна, мултинационална, професионална и сигурна перспектива за членство на Косово во НАТО“, изјавил Тачи во интервју за косовската радиотелевизија.

Инаку, уставот на Косово предвидува дека за формирање косовска војска, покрај мнозинството гласови, неопходна е и двотретинска поддршка од пратениците на малцинствата во парламентот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top