Тачи во Њујорк: Време е за договор со Србија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави во Њујорк дека е дојдено време за постигнување на мировен договор помеѓу Косово и Србија..

Тачи истакна дека со таков договор ќе се отвори евроатланската перспектива за Косово и Србија, додавајќи дека истиот не подразбира поделба или размена на територии, пренесе РТК2.

Претседателот на Косово рече дека за ова прашање ќе стане збор и на состаноците со светските лидери, учесници на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Посетата на САД, Тачи ја оцени како важна за зајакнување на позицијата на Косово на меѓународната сцена и членство во меѓународните организации, посебно во Интерпол.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top