Тага на „Енфилд“ - поранешниот капитен на Ливерпул почина во сон

Поранешниот капитен на Ливерпул, Томи Смит кој учествуваше во големите успеси на домашна и на меѓународна сцена, почина на свои 74 години..

Неговата ќерка, Џенет Симпсон изјави за клупскиот сајт дека Томи Смит починал во сон.

Cмит во текот на шеесетите и седумдесетите години од минатиот век освои четири шампионски титули во Англија, како и титулата европски шампион. Исто така и два трофеи во Купот на УЕФА, Суперкуп Уефа, два ФА Купа и четири Черити Шилд.

Легендарниот фудбалер на Ливерпул во 1977 година постигна гол против Борусја Менхенгладбах во победата од 3-1 за првата титула европски шампиони.

Во дресот на тимот од „Енфилд“ одигра 683 меча на кои постигна 48 погодоци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top