ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ: По 4 чашки виски Милошевиќ попуштил пред Дејтонскиот договор

По два часа разговор и четири чашки виски поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, направил значителни отстапки за статусот на Сараево.

Милошевиќ притоа организирал и вечера на која се служеле јастози. Тој сакал да ги малтретира соговорниците, но и разменувал шеги со претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ.

Додека Србите ги оплакуваа своите најблиски кои загинаа во војната во Босна и се скараа под економски санкции, Милошевиќ не се раздели од виски, се вели во тајните документи на кои се повикува Блиц.

Преговорите во Дејтон траеја од 1 до 21 ноември 1995 година, а договорот со кој се стави крај на четиригодишната војна во Босна беше потпишан во Париз на 14 декември. На договорот му претходеа разговори што се водеа во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Охајо.

Главни учесници во разговорите беа претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, претседателот на Претседателството на БиХ Алија Изетбеговиќ и претседателот на Хрватска Фрањо Туџман.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top