Талибанците не мируваат: Бомбашки напад врз ТВ екипа!

Според првичните сознанија на истрагата, причината за овој настан е експлозив кој бил прикачен на возилото со магнети, при што возачот и еден новинар починаа..

Две лица загинаа, а најмалку шест се повредени во денешната експлозија на приватен автобус што превезуваше вработени во една авганистанска телевизија во Кабул.

Според првичните сознанија на истрагата, причината за овој настан е експлозив кој бил прикачен на возилото со магнети, при што возачот и еден новинар починаа.

Експлозијата се случила за време на зголемен сообраќаен интензитет во вечерните часови, а засега ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот.

– Можеме да потврдиме дека еден новинар и возачот починаа на лице место – рече Џавид Фархад, директор на телевизијата „Куршид“, но тој не дал други детали.

Во сличен напад минатата година, двајца вработени во истата телевизиска станица беа убиени, а двајца други беа повредени.

Новинарите честопати се мета на исламистички бунтовници

Новинарите во Авганистан честопати се мета на напади на Талибанците и другите исламистички бунтовници, а, според статистиката на организацијата „Репортери без граници“, во 2018 година дури 15 новинари го загубиле животот на тој начин.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top