„Талир“ се одложи - Стоилковски болен, Јанушев го загуби местото на претставник на ВМРО-ДПМНЕ

Случајот „Талир“ денеска се одложи за 21. октомври..

Причината е неприсуството на портпаролот Наум Стоилковски и на доскорашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Стоилковски не дошол поради тоа што бил болен, а Јанушев го загуби местото претставник на ВМРО-ДПМНЕ по оставката од функцијата во партијата на 21. септември.

„Наум Стоилковски не е присутен од здравствени причини. Другиот претставник од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев е сменет од партиските органи“, рече адвокатот.

Случајот „Талир“ е за перење на 5. милиони евра за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинението го товари и поранешниот претседател на партијата Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други прионоси од казниво дело.

Груевски избега во Унгарија, и од ноември 2008 година му се суди во отсуство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top