Таравари: Албанските партии што го поддржаа Пендаровски повеќе му одмогнаа отколку што му помогнаа

Консензуалниот кандидат кој го промовираше ДУИ е пропаднат проект кој не помина кај Албaнците, рече градоначалникот на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во вчерашната дебата на ТВ24..

Според Таравари албанските партии, кои застанаа зад кандидатурата на Пендаровски, се причина за неговиот послаб резултат од првиот круг на изборите во 2014.

-Заедничкиот кандидат кој го промовираше СДСМ, за жал, кај Албанците доби вкупно 40.000 гласови од Албанците на СДСМ, од ДУИ, ДПА Алтернатива и НДП. Сите заедно само 40.000 гласови. Според мои информации Стево Пендаровски пред 5 години имаше 60.000 до 70.000 гласови без коалиција со ниедна албанска партија. Ова значи дека овие што се заедно со СДСМ повеќе му одмогнаа на Стево Пендаровски отколку што му помогнаа. Албанските гласачи побегнаа од албанските партии поради негативниот багаж што го имаа овие партии што го подржаа Пендаровски – рече Таравари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top