Таравари за изјавата на Заев: Ќе го победам Бејта, бидејќи тој беше дел од криминалот

Ќе го победам Бејта во Гостивар, бидејќи тој беше дел од криминалот во Гостивар, е реакцијата на Арбен Таравари дадена за „Фокус“ по однос на вечерашната изјава на премиерот Заев..

Заев во Гостивар побара поддршка за кандидатот на ДУИ, Незат Бејта и рече дека подобро е Таравари да остане министер во неговата влада.

-Јас сум дојден да побарам поддршка за Невзат Бејта, но и да дадам збор. Знам дека ако добие поддршка од централната власт тој ќе направи Гостивар да сјае. Од другата страна имаме кандидат кој е министер во мојата влада. Знам и дека кандидатурата на Арбен, и на Бејта не му по ќеиф. Ајде да постигнеме договор во Гостивар и предлагам: секој да си ја гледа својата работа. Јас премиерската, докторот да го гледа здравството, а Невзат да си ја води општината. Општината не ја познава никој подобро од него, рече Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top