Тарчуловски час и половина беше испрашуван за крвавиот четврток

Јохан Тарчуловски денеска беше на распит во обвинителството за организиран криминал за настаните на крвавиот четврток во Собранието..

Тој со полициска придружба беше донесен од својот дом, односно од куќниот притвор. Ова е прв негов исказ за насилството во Собранието на 27 април.

-Беше дојден денеска да даде изјава во врска со настаните од 27 април. Изјавата ја даде пред надлежното обвинителство. Сефа е фаза на истрага и не можам да коментирам за тоа, изјави адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top