Таткото на Асанж: Вратете го дома, изгледа шокирачки

Џон Шиптон, татко на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ги повика властите на Австралија да го вратат неговиот син дома..

– Министерството за надворешни работи и премиерот на Австралија треба нешто да сторат. Може да се најде решение кое сите ќе ги задоволи. На состанокот на сенаторите објавен е разговор за екстрадиција на Џулиен Асанж – изјавил Шиптон.

Таткото на Асанж изјавил за новинарите дека го шокирал изгледот на неговиот син.

– Имам 74 години, а изгледам подобро отколку тој со 47. Шокиран сум – додал Шиптон, пишува Гардијан


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top