Таткото на Сноуден вчера првпат се сретна со синот откако тој ги напушти CАД

Таткото на Едвард Сноуден вчера пристигна во Москва каде што за прв пат ќе го посети својот син откако тој ги напушти САД..

„Сум немал директен контакт со мојот син и затоа навистина немам идеја кои се неговите намери“, изјави таткото Сноуден, пренесуваат светските медиуми.

Како што е веќе познато, Едвард Сноуден собирал информации од програмите за шпионирање на Националната агенција за безбедност. Некои од информациите тој ги пренесе до медиумите.

Американските власти го обвинија Сноуден за шпионажа и кражба на владини предмети.

Тој од Русија доби азил на 1 август и го напушти аеродромот.

Неговиот татко изјави загриженост околу фер судење во САД, и затоа не сака неговиот син да се врати во државата.

„Не сум сигурен дека син ми ќе се врати во САД. Тоа е негова одлука, тој е ворасен“, потенцираше неговиот татко.

Тој им се заблагодари на Русите за безбедноста и слободата на неговиот син и изрази надеж дека ситуацијата ќе се одвива во тој правец.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top