Тажен ден: Фудбалот остана без својот најголем волшебник!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт Роналдињо одлучи да ја заврши својата играчка кариера, објави неговиот брат и менаџер Роберто Асис..

Бразилскиот ас беше без клуб од 2015 година, последен пат го носеше дресот на Флуминенсе, но оттогаш не успеа да најде нов ангажман иако постојано се шпекулираше на таа тема. На крајот ја донесе својата одлука со која ги растажи сите љубители на фудбалот иако на сите им беше јасно дека со речиси 38 години нема уште долго да биде на терените.

Во текот на својата трофејна кариера Роналдињо освои се што можеше да се освои на клупски и на репрезентативен план, смени голем број клубови, но најголема трага остави во Барселона чиј член беше од 2003 до 2008 година. Играше и за ПСЖ и Милан, но ниеден навивач на Барса нема да го заборави неговиот придонес за клубот при создавањето на она што денес претставува во светскиот фудбал.

Својата класа Роналдињо ја потврди на Светското првенство во 2002 година кога беше меѓу најзаслужните за титулата на Бразил. Следната година дојде во Барса и со овој тим освои две титули во Ла Лига и една во Лигата на шампионите. Во 2005 година ја освои Златната топка која требаше да му припадне и во 2006, но поради лошиот пласман на Бразил на Мундијалот во Германија, таа отиде во рацете на Фабио Канаваро.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top