Тажна слика од Делчево: Над 10 автобуси во еден ден заминаа за Италија

Продолжува масовното иселување од Источна Македонија..

Нема ниту стари веќе, а камоли млади. 12 автобуси денеска ќе одат по 60 луѓе. Оваа компанија и уште плус две има по 3 автобуси, нека пресметаат колку луѓе си заминуваат надвор од Македонија. 

Животот дојде само за нив, не и за нас. 

Тука нема парче леб, одиме за парче леб. 

И едните и другите ветуваат дека ќе дојде подобро, но никако да дојде. Еве вие како млад човек дали ќе можете да живеете со 200 евра, го праша жител по новинарот на Инфомакс. 

Притоа тој напоменува дека многу мал процент од неговата генерација се овдеи и дека повеќето се иселени во Германија, Италија и Швајцарија.

Она што е заедничко во изјавите на жителите е дека иселувањето за жал ќе продолжи. Погледнете ја репортажата на Инфомакс во продолжение.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top