Тажна вест од Србија: Почина легендарниот штипјанец, Драгослав Шекуларац

Денеска во Белград во својата 81 година почина легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, Драгослав Шекуларац..

Популарниот Шеки е роден во Штип во 1937 година, од мајка Македонка и татко Црногорец кои уште рано во неговото детство се преселиле во Белград.

Љубовта кон фудбалот ја добил уште од најмала возраст кога играл покрај реката Отиња во Штип, а вистинските чекори во професионалниот фудбал ги направил во Црвена Звезда.

Шекуларац е втората голема ѕвезда на „Црвено белите“ по Рајко Митиќ. Во играчката кариера важеше за еден од најдобрите дриблери во европскиот фудбал.

Драган Џајиќ, Еузебио, Драгослав Шекуларац
Драган Џајиќ, Еузебио, Драгослав Шекуларац

За репрезентацијата на Југославија има одиграно вкупно 41 натпревар на кој постигнал шест голови.

Покрај неверојатните фудбалски квалитети Шекуларац ќе биде запаметен по инцидентот кој се случил есента 1962 година кога му „залепил“ шамар на судијата Павле Тумбас сред преполниот стадион Чаир на натпревар против Раднички Ниш. Тогаш Шеки добил ригорозна казна од забрана за играње фудбал од една и пол година, а тогашните власти поради инцидентот му забраниле неверојатен трансфер во Јувентус кој тогаш му нудел рекорден договор од 600.000 долари.

Минатата година во спомен на Драгослав Шекуларац во Штип беше откриен негов споменик, а на официјалното промовирање на истиот присуствуваше и легендарниот поранешен југословенски фудбалер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top