Тензиите меѓу Атина и Москва ескалираа поради дипломатски спор

Тензиите меѓу Атина и Москва повторно ескалираа поради дипломатски спор, кога Министерството за надворешни работи на Грција издаде остро соопштение по повод одлуката на Русија да протера двајца грчки дипломати од Москва..

Грчкото министерство оценува дека одлуката е донесена во петок како ,,одмазда” и ја обвинува Русија дека е ,,другар по оружјето” на Турција.
       
Наведувајќи дека одлуката на Грција да ги протера двајцата руски дипломати од Атина е заснована на ,,конкретни докази за незаконски активности на руски официјални лица и државјани во земјата”, Министерството оценува дека за потезот на Русија, пак, не постојат докази кои би го поткрепиле.

Во соопштението се додава дека Грција е ,,мирољубива земја со повеќедимензионална, независна деморатска надворешна политика”, како и суверена држава која инсистира на почит и односи кои се базираат на еднаквост на сите земји.
     
Атина додава дека Русија се одалечува од позицијата на пријателство и соработка кои што беа карактеристика на грчко-руските односи 190 години.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top