Терористички напад во Англија

Три лица се убиени, а тројца се тешко ранети откако вчера маж со наж ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија..

Полицијата прво тврдеше дека не станува збор за тероризам, но денеска го преквалификува делото. Уапсениот е од Либиец, а во Велика Британија бил во затвор, но за мали престапи, не поради тероризам.

Според сведоци, инцидентот се случил по протестот „Црните животи се важни“. Напаѓачот влегол во групата луѓе и почнал да ги прободува. Убил тројца, а другите тројца се во болница со помали повреди. 

Се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот избегал од паркот, по што бил уапсен.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top