„Тесла“ планира изградба на првата фабрика во Европа

Американскиот произведувач на електрични автомобили „Тесла“ планира изградба на фабрика во Европа..

Компанијата преговара со локалните власти во Германија и Холандија во врска со осигурувањето на локациите за фабриката во која ќе се произведуваат електрични возила и батерии.

Тесла веќе има погон во Европа, во Тилбург во Холандија, но се користи само за монтажа на моделите „Модел S“ и „Модел X“.

Првиот човек на Тесла, Илон Маск веќе некое време ја најавуваше првата фабрика за батерии и возила во Европа.

Неколку европски земји започнаа кампања за да ја привлечат „Тесла“ на нивниот пазар.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top