Tesla Roadster на Елон Маск ја помина орбитата на Марс

Електричниот спортски автомобил на Елон Маск, Tesla Roadster што беше главниот товар за Falcon Heavy тест летот, конечно ја помина орбитата на Марс.

Во февруари оваа година, SpaceX го изведе првиот лет на Falcon Heavy ракетата, а со неа и Tesla роудстерот на Елон Маск. Тимот на SpaceX сметаше дека товарот за овој лет требаше да биде нешто забавно што ќе остави трага во историјата. Роудстерот стана вештачки сателит на Сонцето и после десет месеца во орбитата конечно го помина и Марс.

марс

Манекенот во колата, Starman, се смета дека следен пат најблиску до Земјата ќе биде на 4ти ноември  2020 година, но сепак ќе биде милиони километри оддалечен од неа. Најверојатно со години нема да биде во близината на Земјата, па се и до 2091 година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top