Тетовскиот менаџер под истрага на Еуропол и шпанските власти

„Кралот на српскиот фудбал“, како што го нарекуваат кај нашиот северен сосед, Фаљи Рамадани се нашол во непријатна ситуација откако Цивилната гарда на Шпанија неколку часа ги проверувала документите во неговата куќа во Мајорка..

Во истрагата за перење пари и затајување данок се вклучени Еуропол, Даночната служба и Тимот за борба против организиран криминиал, а на Рамадани, по шестчасовен претрес му порачале дека има обврска да се појави во Националниот суд.

Тетовецот не е единствен осомничен во истрагата, туку покрај него се вклучени уште неколку фудбалски менаџери од источна Европа чии имиња не се објавени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top