Тевдовски: Пратениците на СДСМ нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името

Доскорешнот министер за финансии и професор на економскиот факултет, Драган Тевдовски, излезе со реакција на својот фејсбук профил откако актуелната министерка Ангеловска објави дека прогресивниот данок се става во мирување..

Според статусот може да се заклучи дека Тевдовски не е рамнодушен со предложените измени од причина што токму тој и неговиот советник Бранимир Јовановиќ беа најголемите иницијатори за воведување на овој данок.

– Пратениците на СДСМ, пред да гласаат за ова, нека помислат дали се за бришење на Социјалдемократски од името на СДСМ. Посебно од страна на луѓе што немаат врска со СДСМ – иронично искоментира Тевдовски на Фејсбук.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top