ТЕЖОК ДЕН ЗА ГРУЕВСКИ: Ќе се јави ли екс премиерот во Шутка денеска?

Комисијата за мандатско-имунитетски прашања го одобри предлогот на судот за укинување на мандатот на Никола Груевски за да ја отслужи двегодишната затворска казна, на која е осуден во случајот „Тенк“..

Членовите на ВМРО ДПМНЕ, ја напуштија седницата тврдејќи дека тоа е политички, а не законски процес.

Претседателот на комисијата Павле Богоевски рече дека ќе гласаат за предлогот на судот затоа што делото за кое е осуден Груевски го прави недостоен за функцијата. Така и се случи.

Осуден на две години затвор

Одлуката се објаснува со Членот 59 од Правилникот на Собранието за процедурите, кој наведува дека судот би требало да го извести претседателот на парламентот кога осуди некој пратеник поради злосторство или друго казниво дело, со што пратеникот станува недостоен за својата позиција.

Одлуката ќе се разгледува на пленарна седница на Собранието.

За да биде конечна одлуката за укинување на мандатот, потребно е да има две третини од гласовите, а исходот не е целосно сигурен поради пратениците на ВМРО ДПМНЕ, кои нема да гласаат во корист на таа одлука.

Исто така, повеќето независни пратеници кажаа дека нема да го поддржат тој потег.

Груевски денеска треба да се јави на издржување двегодишна затворска казна.

Тој правосилно е осуден на две години затвор поради залоупотреба на положбата затоа што, додека беше премиер наредил купување на луксузен блиндиран Мерцедес.

Протести во Скопје

Во главниот град се простестираше за поддршка на Груевски пред Кривичниот суд во Скопје.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top