Тилeрсoн ja посети демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, денеска ги посети американските војници во најстрого чуваната граница во светот, на демилитаризираната тампон зона меѓу непријателските Северна и Јужна Кореја.

Тилерсон со хеликоптер пристигна во американската воена база „Бонифас”, што се наоѓа на 400 метри од тампон зоната. На новиот американски државен секретар ова му е прва посета на Азија, во која ќе ги посети и Јапонија, Јужна Кореја и Кина.

Се смета дека во зоната има над еден милион нагазни мини. Местото е оградено од двете страни со бодликава жица, противтенковски бункери и стотици илјади војници во борбена готовност.

Во Јужна Кореја, првиот дипломат во администрацијата на Трамп, ќе се сретне со својот колега Јун Бјунг-се и со јужнокорејскиот премиер и вршител на должноста претседател, Хванг Кјо-ан.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top