Тимотеј: Црквата не може некому да забрани да оди по улица, не ми е гајле за реакциите

Владиката Тимотеј кој вчера ја предводеше поворката на свештениците на литијата во Струга, зад која одеа голем број граѓани, за телевизија Телма тврди дека црквата нема вина за овој собир..

Јас не сум таму да изигравам полицаец. И во црква претходно, наутро и попладнето, го повикав народот само свештенството да оде. Меѓутоа, јас не сум некој што може да забрани некому да оди по улица. Тоа не е должност на црквата – вели владиката Тимотеј.

На побараниот коментар од него по жестоките реакции од јавноста, владиката рече: „Што ми е гајле за реакциите!“


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top