Тирана: Ставот на европарламентарците е јасен, нема преодна влада

Портпаролката на албанската Влада и актуелен државен министер за односи со Парламентот, Елиса Спиропали оцени дека делегацијата на Европскиот парламент јасно кажала дека нема преодна влада..

Ставот на европарламентарците, според неа, значи отфрлање на тврдењата на опозицијата во врска со легитимноста на изборите и Парламентот.

“Парламентот и Владата се легитимни, избрани со гласање, а проблематиката на изборите тие не ја доведоа во прашање. Нивниот став беше јасен, нема преодна влада. Прислушувањата се надлежност на судовите,” изјави Спиропали.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top