Тирана: Усвојувањето на Законот за употреба на јазиците е исторски настан

Официјална Тирана го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на македонскиот парламент оценувајќи го како историски настан со кој албанскиот јазик конечно станува официјален службен јазик во Македонија..

„Усвојувањето од страна на парламентот во Скопје на законот за албанскиот јазик претставува историско постигнување за Албанците, кој ја демократизира и зајакнува самата Македонија“, напиша албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на „Фејсбук“.

Шефот на албанската држава, Илир Мета, кој е во посета на Љубљана, го поздрави донесувањето на законот оценувајќи го како значаен акт не само за Албанците туку и за европската иднина на Македонија.

Поздравуваќи го усвојувањето на законот со кој албанскиот јазик станува службен, лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, им се заблагодарува на македонските партии за дадениот глас и оценува дека оваа клима на единство ќе донесе многу позитивност во етничкиот соживот во Македонја.

Изгласувањето на законот го поздрави и поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша, кој го смета за големо постигнување, а спроведувањето на законот историска победа за Албанците во Македонија и целиот албански народ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top