Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Жорди Роура е шпански пензиониран фудбалер кој работеше како помошник на Тито Виланова во Барселона во сезоната 2012/13..

Роура, задолжен за работата со младите играчи во Барселона, таа сезона седеше покрај Виланова, а раскажа и една интересна случка на само шест дена пред смртта на тогашниот прв тренер на Барселонa.

„Тито на 19. април 2014. година го повика Меси во својот дом и на крајот го убеди да потпише нов договор со клубот, иако Аргентинецот тогаш беше обесхрабрен и сметаше дека е време да оди во друг клуб и да избере некој нов предизвик. На крајот остана“, раскажа Роура.

Виланова почина на 25. април 2014. година на 46 годишна возраст што предизвика огромна тага во Каталонија.

Тој поледуваше од рак, а со Барса една година претходно ја освои титулата во Ла Лига.

Тој водеше долга и тешка борба со ракот, која на крајот не успеа да ја добие. Кога во 2011. година за првпат го исфрли од рамнотежа, Виланова неприметно се повлече на лечење и еднакво тивко неколку месеци подоцна се врати во погон. Враќањето на болеста во декември 2012. година одекна како глобална вест бидејќи Тито во меѓувреме дојде на тренерската позиција во Барселона.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top