Титулата за Сити, градот за Јунајтед

Скоро никој и да не веруваше дека Јунајтед ќе има сили да го победи Сити на домашен терен, посебно не откако поведоа по првиот дел со 2:0, а лесно можеа да водат и со 5;0..

Но Сити по првиот дел како да застана да игра, или Јунајтед почна да игра, па гледавме две сосема различни полувремиња.

Во првото апсолутна доминација на Сити и очајност на Јунајтед, додека во вториот, гостите се отворија и беа пробивни по сите страни, а тоа најдобро се почувствува во одбраната на Сити која беше максимално ранлива и за 3 минути прими два гола од Пол Погба.

Но интересно е тоа што дури во Јунајтед иако се свесни дека титулата оди кај нивните „бучни соседи“, нивните навивачи од трибини пееа, „титулата за вас, но градот е наш“, што симболизира колку само им значи оваа победа на „Етихад“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top