То ВИМА: Предлог-планот на Нимиц за договор со Скопје

Усвојувањето на ново и постојано име за поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ), кое ќе го применува erga omnes и на меѓународно и интерно (внатрешно), медијаторот Метју Нимиц го поврзува директно со пристапувањето на соседната држава кон ЕУ.

Ова значи дека сегашното уставно име („Република Македонија“) ќе остане во сила дотогаш. Ова јасно го истакнува Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во „Пакетот идеи“ на четири страници, кој тој им го достави на 17 јануари на двете страни, чиј текст ексклузивно го објавува грчкиот весник „То Вима“

Истовремено, во врска со поканата и пристапувањето на Македонија во НАТО, г-дин Нимиц забележува дека по датумот кога Скопје формално ќе и се приклучи на Северноатлантската алијанса, треба да ги преземе сите неопходни чекори за водење на билатералните односи со останатите земји-членки врз основа на новото официјално име, кое треба да се наведе по азбучен ред, под англиската буква „М“.

Клаузула за неексклузивна употреба

Во текстот поднесен до двајцата преговарачи, не се споменува задолжителна промена на македонскиот Устав, со цел да се промени сегашното уставно име или други точки кои во некои случаи имаат ирелевантна содржина. Македонската влада има овластување да одлучи што ќе бидат тие „обврзувачки, веродостојни и неповратни национални процедури” за имплементација на решението.

Г-дин Нимиц укажува на тоа дека двете земји треба да потврдат дека немаат територијални аспирации или барања (овој предлог е врз основа на реципроцитет) и дека и двете земји го почитуваат културното наследство на другиот. Што се однесува до комерцијалните прашања, г-дин Нимиц се враќа на терминот „неексклузивна употреба“ на термините „Македонија“ и „македонски“ (Macedonia и Macedonian). Ги повикува двете страни да постигнат договор кој ќе се применува на сите јазици за користење на овие термини. Исто така, во врска со преводот на новото имедвете страни, како и земјите-членки на ОН и трети страни ќе можат да го преведат или да изберат да го задржат непреведено – Атина го претпочита непреведено, како што изјави министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас.

Етничка припадност и јазик

За прашањата на националноста и јазикот (кои се двата столба на идентитетот и предизвикаа напнатост за време на неодамнешната посета на г. Нимиц во Скопје и она што тој го кажа заедно со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров), специјалниот пратеник го предлага изборот помеѓу словенската верзија на „македонски“ или описот врз основа на неговото официјално име, или неговата кратка верзија (на пример, граѓанин на „Република Горна Македонија“).

Во врска со предложените имиња, г-дин Нимиц (со словенско писмо) ги наброи имињата што се веќе видени, односно „Република Горна Македонија“, „Република Северна Македонија“, „Република Вардраска Македонија“, „Република Македонија (Скопје)”, но останува отворен за други предлози.

Во својот текст, како пример да ги претстави своите идеи Нимиц го користи предлогот „Република Горна Македонија“, па оттука и конфузијата што неодамна беше предизвикана од тоа дека двете страни наводно веќе се согласиле за ова име.

Поглавјата за имплементација на решението и опсегот на употреба, како што е наведено во Пакетот на идеи, треба да се видат во комбинација.

Имплементацијата на решението, според г-дин Нимиц, ќе произлезе од комбинацијата на депонирање на извештај од Генералниот секретар на ОН до Советот за безбедност на ОН, резолуција за која треба да се договорат земјите членки на Советот за безбедност, ратификација на решението од Генералното собрание на Обединетите нации, билатерален договор меѓу Атина и Скопје, но и „обврзувачки, веродостојни и неповратни национални постапки“ од страна на Македонија, вклучувајќи го и усвојувањето на законодавството од страна на Парламентот, до степен што се смета дека е неопходно, вклучувајќи неопходни правни мерки“.

„Модуларна процедура“ за опсегот на употреба

Американскиот дипломат и адвокат, исто така, предлага „модуларен процес“ во однос на опсегот на употреба. Во почетната фаза се предвидува дека по усвојувањето на релевантната резолуција од страна на Советот за безбедност, новото официјално име ќе се користи „во сите формални мултилатерални меѓународни рамки, вклучувајќи состаноци, договори и официјални документи”. Покрај тоа, Република Македонија ќе мора да „вложи максимални напори“, така што новото име ќе „се користи во системот на Обединетите нации и други мултинационални организации“.

Во исто време, сепак, г-дин Нимиц прави три белешки.

Прво, името Македонија, во непреведена или преведена форма, Скопје нема да го користи како официјално име на државата во секој контекст.

Второ, термините „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и „ПЈРМ“ ќе престанат да се користат како референци за Скопје.

Трето, и што е најважно, терминот „Република Македонија“ ќе продолжи да се користи внатрешно до датумот на пристапување во ЕУ.

Предуслови и можни компликации

Постојат, меѓутоа, две услови кои малку ја комплицираат ситуацијата. Г-дин Нимиц нагласува дека дури и по пристапувањето во ЕУ, може да има исклучоци за употребата на новото име erga omnes за сите официјални цели внатрешно, како и на меѓународно ниво. Кои се овие исклучоци?

Кога „употребата е исклучиво внатрешна“ (во рамките на ПЈРМ) и „засегнатата внатрешна активност и документи“ во врска со неа „не се во надлежност на Европската унија“. Меѓутоа, г-дин Нимиц се воздржува да специфицира што точно сака да каже, што ја влошува конфузијата. Ова ќе биде точка што ќе бара сериозно појаснување, бидејќи процесот на пристапување во ЕУ е обично долг и соседната земја има долг пат.

Дипломатски извори во Атина, исто така, посочуваат дека „спроведувањето на решението ќе биде постепено, но исто така ќе бараат конкретни гаранции во поглед на пристапот на Македонија во НАТО“. Кругови на Алијансата забележаа дека помеѓу поканата на земјата за членство и конечно членство, постои период кој не е обврзувачки (иако практиката покажува дека не надминува 4 месеци). Во исто време, голем број од големите земји-членки на НАТО изразија силни резерви за пристапот на Македонија во Алијансата поради внатрешната политика на нестабилност. Тоа се Германија, Франција, Италија, Холандија и Шпанија, кои се земји од европското јадро, кои очигледно гледаат дека откако Скопје ќе ја отвори вратата на ЕУ и можеби ќе ги промени размислувањата.

Текстот на предлогот на специјалниот медијатор

(Идеи за разгледување на договорните страни)

1. Официјално име

<Republika (Модифицирачки детерминатор / Модификатор) Makedonija>

На пример, „Republika Gorna Makedonija“ или „Republika Severna Makedonija“ или „Republika Vardarska Makedonija“ или „Republika Nova Makedonija“ или „Republika Makedonija (Skopje)“ или било која друга ознака за која договорните страни може да се договорат. Во овој документ „Republika Gorna Makedonija“ ќе се користи како пример. Официјалното име ќе биде сместено по азбучен ред под буквата „М“.

2. Кратко име

Gorna Makedonija

Краткото име ќе биде сместено по азбучен ред под буквата „М“

3. Име за придавка / државјанство:

Алтернативна употреба

Makedonski“ или „Republika Gorna Makedonija“ или „Gorna Makedonija

Примери:

Фразата „Тој е македонски државјанин“ ќе се преведува на англиски како „He is a Makedonski citizen“ (а не „He is a Macedonian citizen“)

Фразата „Тој е државјанин на Република Горна Македонија“ ќе се преведува на англиски како „He is a citizen of Republika Gorna Makedonija“ (а не како „He is a citizen of Republic of Upper Macedonia“)

Фразата „Тој е државјанин на Горна Македонија“ ќе се преведува на англиски како „He is a citizen of Gorna Makedonija“ (а не како „He is a citizen of Upper Macedonia“)

4. Име за јазикот

Алтернативна употреба:

Makedonski“ (а не Macedonian) или „официјалниот јазик на „Republika Gorna Makedonija“ или „официјалниот јазик на Gorna Makedonija

Примери:

Фразата „Документот ќе биде преведен на француски, германски и македонски“ ќе се преведе на англиски како „The document will be translated into French, German and Makedonski“ а не како „The document will be translated into French, German and Macedonian“.

Фразата „Документот ќе биде преведен на француски, германски и на официјалниот јазик на Република Горна Македонија“ ќе се преведе на англиски како „The document will be translated into French, German and the official language of Republika Gorna Makedonija“ а не како „The document will be translated into French, German and the official language of Republic od Upper Macedonia“.

Фразата „Документот ќе биде преведен на француски, германски и на официјалниот јазик на Горна Македонија“ ќе се преведе на англиски како „The document will be translated into French, German and the official language of Gorna Makedonija“ а не како „The document will be translated into French, German and the official language of Upper Macedonia“

5. Превод

Употребата за која стана збор во горните точки од 1 до 4 може да се преведува од страна на Договорните страни и другите членки на ООН (членки) и трети страни, како што самите ќе одлучат, во согласност со востановената употреба во соодветниот јазик.

Употребата за која стана збор во горните точки од 1 до 4 може да остане и во необработена форма од страна на договорните страни, другите членки и трети страни, по нивен избор.

(Наша забелешка: Во првиот случај значи дека другите земји ќе го преведуваат на сопствен јазик, како што е вообичаено, а во вториот може да го прифатат името во непреведена форма, што би значело erga omnes примена)

6. Опсег на употреба

Потточка 6А.

Почетокот на важење на новото име „Republika Gorna Makedonija“ ќе биде откако Советот за безбедност ќе го прифати договорот преку резолуција и нејзината ратификација од Генералното собрание на ООН

А. Употреба во сите мултилатерални меѓународни рамки, вклучително средби, конвенции, договори и официјални документи, опишана во горните точки од 1 до 5

Б. Втората договорна страна (БЈРМ) ќе препорача и ќе ги направи сите напори за да ја спроведува употребата на опишаното во точките од 1 до 5 во системот на ООН и во другите меѓународни организации.

В. Забелешки за други форми на името:

(i) Втората страна како „официјално име на државата во ниту еден контекст нема да го користи името „Македонија“ во нејзина нередактирана или преведена форма.

(ii)Називите „поранешна југословенска Република Македонија“ и „ПЈРМ“ ќе престанат да се користат како референци за втората договорна страна.

(iii) „Република Македонија“ („Republic of Macedonia“) ќе продолжи да се користи внатрешно, во рамките на втората страна, до нивото опишано во потточката 6C подолу.

Потточка 6Б.

Не подоцна од датумот на пристапување на Втората страна кон Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), втората страна (РМ) ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги спроведе билатералните односи со сите земји-членки под името „Republika Gorna Makedonija“. Разбирливо е дека членството во НАТО е целосно регулирано со процедурите и методите на НАТО.

Потточка 6Ц.

Со важност не подоцна од датумот на пристапување на Втората страна кон Европската унија, употребата на името опишана во деловите од 1 до 5 погоре ќе биде erga omnes, која ќе се користи за сите официјални потреби на внатрешно, како и на меѓународно ниво, под услов таквата употреба да не мора да се користи во конкретни случаи кога се обезбедени следните два услови (а) се користи само внатрешно во рамките на Втората страна и (б) користењето за внатрешни активности и документите кои не се во надлежност на Европската унија. Разбирливо е дека пристапувањето кон Европската унија е целосно регулирано со процедурите и методите на Европската унија.

7. Територијални претензии / непријателски изјави

Страните ќе реафирмираат дека се откажуваат од сите територијални претензии и се согласуваат да не бараат или поттикнуваат ирационални обвинувања или непријателски изјави меѓу себе.

8. Културно наследство

Страните ќе го реафирмираат своето почитување на оставнината и културното наследство меѓу себе.

9. Комерцијална употреба

Страните поединечно, преку официјални и комерцијални канали, ќе постигнат разбирање во врска со комерцијалната употреба на зборовите Македонија и Македонски, кои ќе се применуваат на сите јазици врз основа на концептот на не ексклузивност и јасност во однос на земјата на потекло.

10. Членство во ЕУ и НАТО / ISO кодови

Првата страна (Грција) нема да се противи на барањата на Втората страна, под името „Republika Gorna Makedonija“ да пристапи кон Европската унија и НАТО во согласност со соодветните процеси на пристапување и активно ќе го поддржува процесот на интеграција на Втората страна во двете организации. Првата страна ќе ја поддржи Втората страна во одржувањето на нејзините соодветни кодови на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) и слични организации, вклучувајќи ги и кодовите „МК“ и „МКД“.

11. Имплементација

Апликацијата ќе се спроведува преку:

(i) извештај на генералниот секретар на ОН до Советот за безбедност на ОН,

(ii) резолуција што треба да ја усвои Советот за безбедност на ОН (уредно усвоена),

(iii) ратификација од Генералното собрание на Обединетите нации,

(iv) билатералeн договор помеѓу двете страни,

(v) обврзувачки, сигурни и неповратни национални процедури од втората страна, вклучувајќи го и усвојувањето на законодавство од страна на Парламентот и спроведување на актите до степен кој се смета за неопходен, вклучувајќи ги и неопходните правни мерки.

Генералниот секретар на Обединетите нации и Европската унија ќе имаат водечка улога во процесот на транзиција.

Извор: Фокус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top