Тоа сме ние, Македонците и Македонките

Фејсбук статус на Нестор Огинар.

Се тече, се се менува, само МАКЕДОНИЈА , нашето вечно историско име останува како жив сведок за еден жилав и непокрен народ .

Македонската многу вековна историја преставува еден без конечен синџир на неправди против Македонскиот народ , но во истовреме и сведоштво дека Македонците не се само физички, туку и духовни преживувачи и победници над злото , неправдата и темнината.

МАКЕДОНИЈА не е само име.
Таа е и идеја и идеал.
МАКЕДОНИЈА е империја на Македонскиот Духовен простор.
МАКЕДОНИЈА, тоа е нашиот Македонски народ и од Вардар, и од Егеј, и од Пирин со векови прогонуван од своите вековни огништа.

Македонија, тоа се селаните, тутуноберачите, копачите, работниците, студентите, свештениците, војниците, и сите други знаени и незнаени Македонки и Македонци, распрскани како грст бели бисери низ широките меридијани на светот, нивните солзи и воздишки, нивната пот и труд, нивната надеж и копнеж, нивниот живот и безсмртна свест , 
свест на еден трагичен, горд и човекољубив народ што од памтивек се борел да биде свој на своето.

МАКЕДОНИЈА тоа е Македонскиот Народ чија што порака до ЕУ, НАТО и целиот свет е една, единствена и непроменлива.:

Се што Македонија раѓа, се што Македонија дава се што Македонија остава е наше;
Како што е верата во нас самите како народ, како Македонци , како човекољубци;
Како што е наша и верата кон ближниот свој, кон Бога Господа и кон земјата Мајка Македонија од чии што пазуви излегуваме и во чии што предели повторно се враќаме по безкрајните патеки на вечноста облеани со светлината на Македонското Сонце.

" Никогаш нема да дозволиме да живееме во свет во кој што ја нема Македонија!"

"Никогаш нема да дозволиме да живееме во Македонија во која што го нема Македонскиот народ!"



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top