Тодор Петров: 81 пратеник, 26 министри и 9 уставни судии извршија велепредавство и геноцид врз Македонскиот народ

Фејсбук статус на Тодор Петров..

ЕМАКЕДОНСКИ АМАНЕТ

Со промената на името на државата Македонија во држава Северна Македонија, 81 пратеници, 26 министри и 9 уставни судии извршија најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Поради флагрантно кршење на домашното и меѓународното право, за нив мора да се формира посебен трибунал, против нив мора да се поведе “Нирнбершки процес“, како ука и поука за сите кои мислат и имаат намера да повторат исти дела против државата Македонија, Македонскиот народ и граѓаните на Македонија!

Кога тогаш, не им бега доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството во земјата и странство.

Сите трошоци кои ќе бидат направени за ребрендирање на државата Македонија во држава Северна Македонија во сите сегменти, сите трошоци направени за повторно враќање во претходната состојба пред 11 јануари 2019 година, односно 12 февруари 2019 година, како и сите штети предизвикани на нацијата, буџетот и даночните обврзници и на секој поединечно, ЛИЧНО ЌЕ ГИ ВРАТАТ!

За нив нема помилување, со нивните дела нема помирување!

Пишува: Тодор Петров на Фејсбук


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top