Тодор Петров ќе собира 150.000 потписи за нов референдум

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“.

Вака би гласело евентуалното референдумско прашање, доколку се соберат потребните 150.000 потписи и се распише дополнителен референдум за името.

Законодавно – правната и комисијата за политички систем дадоа зелено светло да се отпочне со собирањето на потребните потписи, оценувајќи ја иницијативата на претседателот на Светски македонски конгрес, Тодор Петров за уредна. Според него, граѓаните одговарајќи на прецизно и недвосмислено прашање на нов рефрендум ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на собраниската седницата одржана пред три дена.

-На ова прашање избирачите треба да одговорат дали се „за” или „против” или да не гласаат. Прашањето е прецизно формулирано. Со иницијативата за дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија на седницата одржана на 11 јануари оваа година со амандманите на Уставот и Уставниот закон за нивно спроведување, рече Петров.

И покрај технички забелешки упатени од претседателката на законодавно правната комисија Мираковска, според неа тоа што иницијативата ги содржи потребните минимум сто потписи за распишување референдум на државно ниво беше доволно за да добие позитивно мислење.

Она што е факт е дека Вие прејудицирате настан бидејќи на деветти поднесувате барање за дополнителен референдум за одлука донесена во Собранието, а одлуката е донесена на 11. Тоа се забелешки, но сепак сега и да донесеме одлука дека формално не го исполнувате условот, за неколку дена ќе ги имате потписите, а волјата изразена од сто уредно потпишани граѓани за нас е доволно да донесеме мислење дека иницијативата е уредна – рече Мираковска.

Собирањето на потребните потписи ќе започне откако спикерот Џафери комисисиките извештаи, преку премиерот Заев, ќе ги достави до ДИК.

По што Комисијата во рок од 20 дена ќе треба да ги достави формуларите за собирање потписи до сите подрачни единици низ државата. Минималната бројка од 150.000 потписи иницијаторите ќе имаат рок да ги соберат за максиму три месеци. Но, очекувањата на Тодор Петров е дека тие ќе се соберат порано бидејќи подрачните канцеларии на ДИК во пресрет на претседателските избори ќе работат во повеќе смени. Очекува доколку бидат собрани за краток временски рок, граѓаните да се изјаснат дали се за Северна Македонија, заедно со претстојните претседателски избори.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top