Томислав Кежаровски пуштен во домашен притвор

Кежаровски е одуден на 4,5 години затвор.

Новинарот Томислав Кежаровски синоќа си замина дома од Истражниот затвор Шутка. Основниот суд вчера му изрече мерка - куќен притвор. Ваквата одлука беше донесена на барање на одбраната, а како алтернативна мерка која ќе важи до правосилноста на пресудата со која новинарот е одуден на 4,5 години затвор.

Претходно одбраната достави барање до кривичниот совет за одредување на алтернативната мерка поради катастрофалните услови во затворот и лошата психофизичката состојба на Кежаровски.

На ослободување на Кежаровски од притвор, но и на преиспитување на пресудата повикаа повеќе домашни и странски невладини организации, како и ОБСЕ.

Како што изјави пред Истражниот суд сопругата на Томислав, Марина Кежаровска, таа е шокирана и среќна по одлуката на судот, која за неа не била очекувана. Таа им се заблагодари на новинарите и колегите на Кежаровски што го поддржуваат во битката за докажување на правдата.

Кежаровски е осуден за напишан текст пред 5 години, во кој според судот издал иднтитет на заштитен сведок.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top