Тотенхем го плати 20 милиони, а по 2017 година за првпат се најде барем на клупата

Тотенхем има големи проблеми со напаѓачите, пред се Сон и Кејн, па поради тоа Љоренти мора да игра во стартниот тим..

Прашањето кое се наметнува е кој би го заменил од клупа доколку има потреба, а пристигна одговорот. „Од мртвите“ се врати Винсент Јансен.

Холанѓанецот кој имаше огромен проблем со повредите и адаптацијата во клубот од Лондоно конечно се најде барем на клупата и би можел да дочека да заигра за Тотенхем по август 2017 година.

Во меѓувреме беше член на Фенербахче, а оваа сезона нема ниту минута за Тотенхме кој во овие моменти игра со Брајтон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top