Тотенхем ја потврди веста за заминувањето на Сон

Фудбалскиот клуб Тотенхем потврди дека нивниот фудбалер Сон Мин, заминува на војничка должност во својата земја додека трае пандемијата која е од глобални размери..

Јужнокорејскиот напаѓач кон крајот на март дојде во својата родна земја, каде моментално се наоѓа во задолжителен државен карантин.

Веднаш потоа, тој месецов ќе се придружи на војската, каде ќе ги одработи сите должности кои ги налага тамошната армија.

Премиер лигата е сигурно суспендирана на извесен период поради корона вирусот и се уште не се знае дали и кога ќе продолжи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top