Тотенхем ќе настрада од раната елиминација на Јужна Кореја

Екипата на Тотенхем може да биде значително ослабена во новата сезона како последица на лошиот настап и пласман на Јужна Кореја на Светското првенство..

Причина за тоа е Хеунг Мин Сон кој поради ова ќе мора да настапи на Азиските игри во август или да оди директно на двегодишно издржување на воениот рок. Секој Јужнокореец мора до својата 28. година да ја одработи оваа обврска, а попуст имаат само спортистите кои на државата ќе и донесат злато од големи натпреварувања.

Исклучок е само генерацијата фудбалери кои го освоија четвртото место на Светското првенство во 2002 година. Тие не стигнаа до титула, но го остварија најголемиот успех во историјата на јужнокорејскиот фудбал.

Јужна Кореја уште има теоретски шанси за пласман во нокаут-фазата иако никој не верува во тоа во моментов. Ако испадне во групата, тогаш Сон ќе мора да настапи на Азиските игри во август и ќе го пропушти првиот месец од сезоната во Премиер лигата.

Евентуален кикс и таму ќе значи дека тој мора да оди во војска и две години ќе го нема од тимот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top