Тоти ги изненади сите со својата изјава за мечот меѓу Ајакс и Јувентус

Франческо Тоти целата своја кариера ја мина во Рома. Откако замина во пензија стана директор во римскиот клуб..

Пред денешниот меч на легендите на Рома, Тоти го коментираше и четвртфиналниот натпревар од ЛШ меѓу Ајакс и Јувентус, па помалку и изненадувачки посака понатаму да отиде италијанскиот шампион.

„Јувентус во ЛШ? Имав гости на вечера и не го гледав целиот натпревар против Ајакс. Во четвртфиналето сите натпревари се тешки, може да победи било кој, но да се надеваме дека ќе помине италијански тим“, изјави Тоти.

Јувентус покрај Лацио на навивачите на Рома им е најомразен ривал, па ваквата изјава на Тоти дефинитивно зачудува на некој начин, особено ако се земе предвид фактот дека „Старата дама“ во минатото на „Волчицата“ пред нос и зеде неколку трофеи.

Мечот во Амстердам меѓу Ајакс и Јувентус заврши со 1:1. Реваншот се игра во Торино веќе во вторник.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top