Тоти стави крај на шпекулациите - го потврди неговиот следен чекор

Легендата на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти, за медиумите од Италија, го потврди неговиот следен чекор..

Тоти најави дека останува во Рим, но дека ќе биде еден од спортските директори на „Волчицата“, клуб на кој остана верен цела своја кариера.

Тој денеска потврди дека ќе ја превземе функцијата наскоро, и дека пак ќе биде близок со клубот.

Не сум потпишал се уште ништо, не сум официјално нов директор, но наскоро ќе бидам“, порачал Тоти.

На овој начин завршува сагата која се плетеше околу иднината на императорот од Рим, за кој наводно се пишуваше дури дека ќе ја продолжи играчката кариера во Кина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top