Традиционално берење бадникови гранчиња

Предвидено е да присуствуваат стариот кум и здравичар.

Во месноста Говрлевска Краста, на падините на Водно денеска ќе се берат бадникови гранчиња. На 6. јануари, на одбележувањето на Бадник, на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје гранчињата ќе им се делат бесплатно на сите верници.

Бадниковото гранче, симбол на среќата, сонцето и животот свечено ќе го пресече годинашниот кум на Бадник 2014-та Методија Стефановски. Тоа ќе го стори и здравичарот Владимир Плавевски.

Предвидено е да присуствуваат стариот кум и здравичар, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претставници од општина Сопиште и општина Центар, свештени лица од МПЦ, дипломати, граѓани.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top