Трагедија во Русија: Се урна воен хеликоптер, загинаа сите членови на посадата

Руски воен хеликоптер Ми-8 се урна кај Клин во московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана..

Сите членови на екипажот починаа од повредите, пренесоа руските медиуми.

Хеликоптерот се урнал на околу 20 километри од градот Клин, на северозапад од Москва. Паднале во напуштена област, соопшти војската, додавајќи дека инцидентот не резултирал со жртви на тлото.

Екипажот во хеликоптерот, составен од инструктори по летање и група практиканти, добил сериозни повреди и никој од нив не преживеал, потврди Министерството.

Хеликоптерот изведувал редовен тренинг-лет кога се случил инцидентот. Точните причини за несреќата се непознати, но според прелиминарните податоци, може да биде предизвикана од технички дефект.

Специјална истражна група на главната команда на воздухопловните сили е испратена на местото на несреќата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top