Tрагедијата на Ангела Меркел

Раката што историјата ѝ ја подели на германската канцеларка Ангела Меркел беше полна го масовни предизвици: серија кризи во еврозоната кои доведоа до поделби меѓу Европејците.

Она за што најмногу се грижиме најчесто е причина за нашата пропаст. Така беше и со Ангела Меркел, која неодамна ја објави својата намера да ја напушти лидерката позиција во партијата во декември годинава и канцеларската позиција во 2021.

Наместо да преземе нешто радикално, и да го ризикува својот опстанок, Ангела Меркел за време на своето владеење избра привремени решенија кои дозволија гноење на слабостите.

Можеби нејзиниот напнат и драматичен подем кон канцеларската позиција ја подготви за тоа. На изборите во септември 2005, таа уживаше големо рано водство на анкетите за јавно мислење. Тогашниот канцелар Герхард Шредер не успеа да ја симне стапката на невработеност, која изнесуваше речиси 12%, а неговата Социјалдемократска партија изгуби серија избори во сојузните држави. Сепак, лошиот начин на кој Меркел ги комуницираше своите политички приоритети, заедно со несјајниот настап на дебатите, за малку ќе ја чинеше цели избори.

Во следните избори, Меркел одби да води кампања околу суштински политики. Во 2009 нејзината кампања намерно беше досадна и банална, уживајќи - без разлика колку негодуваше - во описот што и го наметнаа нејзините противници, како Мути, стереотип за германска мајка која се грижи за семејниот дом. Во 2013, таа го засили имиџот на Мути со слоганот „Ме знаете мене“.

Немајќи јасна политичка платформа, Меркел во најголем дел владееше без мандат. По секои избори, различни интересни групи се надеваа дека таа ќе прифати позиција која е благонаклонета кон нивните конкретни желби. Меѓутоа таа знаеше дека одбивањето да постапи по нивните барање е токму она што и овозможи да преживее.

Претпочитањето на Меркел да се тетерави беше очигледно во нејзиниот пристап кон реформите во еврозоната. Таа одамна знаеше дека средувањето на монетарната унија ќе бара од нејзе да започне политички ризичен повик за финансиска жртва од Германците. Ваквиот повик беше ризичен, затоа што поранешниот канцелар Хелмут Кол, човекот кој сам го пренесе еврото преку финишот, вети дека од нив нема да се бара никаква жртва.

Оттаму, заради стравот за отуѓување на Германците, Меркел направи најмалку што може за одржување на заедништвото на еврозоната. Таа се согласи - по агонизирачко одложување - за заеднички ММФ-ЕУ пакет за спас на Грција во мај 2010. Тоа доведе до создавање на потраен механизам за финансиско спасување, Европскиот механизам за стабилност.

Згора на тоа, за време на егзистенцијалната криза на еврото во јули 2012, Меркел ја поддржа иницијативата на  претседателот на Европската централна банка за создавање на механизам за „директни монетарни трансакции“ во кои ЕЦБ може да купува обврзници од проблематичните држави од еврозоната. Иако овие интервенции помогнаа да се спречи колапсот на еврозоната, тие не беа доволно за да се обезбеди долгорочна отпорност на монетарната унија - мана која ја остави еврозоната ранлива на проблеми како актуелната криза во Италија.

Меркел беше разнишана од единствениот принципиелен став што го имаше. Во 2015, кога Европа беше преплавена од баратели на азил и економски мигранти, Меркел објави политика на отворени врати за сириските бегалци. Кога унгарскиот националистички премиер, Виктор Орбан, препорача дека Германија треба да изгради ограда за да го спречи напливот на мигранти, таа покажа ретка (и сирова) емоција. Потсетувајќи на сопственото источногерманско воспитување, таа изјави: „долго време живеев зад ограда, тоа не е нешто што повторно го посакувам.“

Хуманоста и донесе пофалби на Меркел од меѓународната заедница. Меѓутоа дома противењето кон нејзината мигрантска политика доби на сила. Алтернативата за Германија, создадена во 2013 за да му се спротивстави на еврото доби нова животна сила како остра националистичка анти-мигрантска партија, собирајќи симпатизери од ЦДУ на Меркел и нејзината сестринска партија од Баварија, ЦСУ.

Во 2016, Меркел успешно го олесни притисокот од бегалците врз Европа обезбедувајќи договор со Турција да ги задржи мигрантите на своја територија. Меѓутоа договорот и понатаму останува крајно контроверзен, и не само заради хуманитарните грижи. Како што истиот модел беше аплициран и на други места, мигрантите се пред се поголем ризик.

Иако карактеристичната досадна кампања на Меркел и го донесе и нејзиниот четврти мандат како канцелар, нејзината гласачка база значително беше ослабена - тренд кој беше само засилен од домашните економски неуспеси. Меркел мораше да се справува со наследството од контроверзните реформи на Шредер на пазарот на труд и социјална заштита, меѓу другото, кои го олеснија отпуштањето на работници и намалување на помошта за невработените, а присилија голем број невработени да бараат работа со малку бенефити. Овие реформи помогнаа да се намали стапката на невработеност, меѓутоа по цена на стагнантни плати (адаптирани во однос на инфлацијата) и раширен персонален финансиски стрес.

Секако, растечката нееднаквост, стагнацијата на платите, и фрустрацијата на работничката класа се очигледни низ развиениот свет. Меркел, и нејзините колеги низ светот, не направија многу за адресирање на проблемите. Ова не е затоа што на Меркел и недостасуваше визија: во април 2010, таа опишуваше Германија која работи на погон од унапредено образование и иновативност. Само општество кое е технолошко напредно, таа заклучи, може да обезбеди достојни можности за сите.

Меѓутоа, со тоа што немаше желба да го предизвика домашниот политички консензус околу фискалната стегнатост, Меркел одби да инвестира во иднината на Германија, на пример, со поправање на инфраструктурата која е во распаѓање и надградба на можностите за образование. Наместо тоа, таа имаше бледи обиди да ги заштити германските авто-производители чија основа беше застарената дизел технологија. Таков застој во заживувањето на авто-индустријата на земјата може да ја собори целата економија.

Неуспехот на Меркел да ја спречи социјалната фрагментација доведе до подем на поддршката за АФД. На изборите во 2017, гласачите на АФД главно беа мажи на возраст меѓу 30 и 59 години, само со средно образование, кои работат на не канцелариски позиции во мали градови или рурални области. Голем број такви гласачи некогаш ги поддржуваа ЦДУ и ЦСУ, меѓутоа беа привлечени од националистичката и ксенофобна платформа на АФД. ЦДУ ослабе, а и контролата на Меркел врз сопствената партија почна да еродира. Дојде време таа да се симне.

Меркел го држеше бродот мирен, меѓутоа невремињата продолжија. Низ континуираните фрустрации и политички превирања, идните канцелари би можеле лесно да излетаат.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top