Трајче Т. Трајковски До Христијан Мицкоски: Борбата за Македонија е вечна

Писмо на претседателот на ЗК ВМРО-ДПМНЕ - Перт, Трајче Т. Трајковски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Најпрвин дозволете ми од мое лично име, од името на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ од Перт, ЗК-ти од Вулонгон, Аделаиде, Њукастел, Сиднеј и Бризбан да го изразам нашето задоволство за последните одлуки и измени на Статутот на нашата партија.

Нашата партија ВМРО-ДПМНЕ Со овај статут и другите статутарни измени се демократизира согласно делувањето на нашите сестрински партии од Европа. Овај статут е плод на нашата долгогодишна посветеност и труд со кој го загарантиравме местото на нашата партија еднакво со останатите сестрински партии од Германија Австрија и пошироко.

ВМРО-ДПМНЕ го доби нај модерниот статут дефинитивно на Балканот затоа што поставивме нови стандарди и на дело ги покажуваме нашите изворни вредности а со тоа и љубовта кон нашата татковината Република Македонија, испишавте нова страница во историата на нашата партија.

Длабоко веруваме дека овие измени во Статутот на нашата партија ке вродат со плод, ке ги обединат сите наши сили и ке ја формира новата влада на Република Македонија.

1VMRO



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top