Трамп: Бугарија купува одлично Американско оружје, најдоброто во светот

Во Белата куќа започна средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и бугарскиот премиер Бојко Борисов..

На почетокот на разговорот, Трамп изјави дека е среќен што го пречекал Борисов и дека бугарскиот народ бил пријателски настроен кон Америка.
На прашањето дали ќе ја посети Бугарија, потстанарот на Белата куќа сподели дека ќе дојде ако биде поканет, пренесе БГНЕС.

Борисов соопштил дека Бугарија троши 3,1% од БДП за одбрана, што е повеќе од бараните 2% на Трамп. Слушајќи го ова, американскиот претседател ја пофалил земјата и рекол: „Вие сте пример за Германија“.

Трамп посочил дека Бугарија купува одлично американско оружје, најдоброто во светот.

Двајцата лидери разговарале и за визниот режим. „Може да паднат визите, ние дефинитивно ќе разговараме за тоа“, рече Трамп пред новинарите во Овалната канцеларија.

„Јас високо го ценам нашето стратешко партнерство со Соединетите Американски држави. За мене беше голема чест и привилегија да се сретнам со претседателот Доналд Трамп“, твитна пак, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Пред средбата со американскиот претседател, Борисов го посети Споменикот на Непознатиот војник на Националните гробишта Арлингтон, Вирџинија. Таму бугарскиот премиер беше пречекан со 21 топовски истрели.

Борисов исто така учествуваше на тркалезна маса на покана на Американската трговска комора и Американската стопанска комора во Бугарија.

Тој, исто така, оствари средби со раководството на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ).


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top