Трамп денеска ќе одржи говор за состојбата на наџијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го одржи говорот за состојбата на нацијата кој веќе еднаш беше одложен..

Говорот ќе се одржи во момент на гнев кај јавноста поради се што се случуваше околу блокадата на работата на федералната Влада и парите кои Трамп ги бара од Конгресот за изградба на ѕидот кон Мексико за да се запре илегалната миграција.

Трамп ќе го одржи говорот во 21 часот по локално време на источниот брег на САД.

Светските медиуми оценуваат дека и покрај слоганот на Трамп „Америка на прво место“, последните две години од неговиот мандат можат да донесат значаен фокус на ангажманот на Америка во странство и оти би можело да се види дали одлуките на Трамп ќе имаат минливи или долгорочни последици врз светот.

Говорот на Трамп доаѓа по болните порази кои неговата Републиканска партија ги доживеа на изборите за Претставничкиот дом на Конгресот и Сенатот минатата есен, како и падот на популарноста во анкетите, потсетуваат локалните медиуми.

Трамп не е првиот шеф на Белата куќа кој говорот за состојбата на нацијата го држи во моменти на превирања, затоа што некои од неговите претходници исто така биле во тешка ситуација.

Абрахам Линколн објавил говор во писмена форма за време на американската граѓанска војна, говорот за состојбата на нацијата Ричард Никсон го одржал во време додека бил вмешан во аферата „Вотергејт“, а Бил Клинтон и се обрати на нацијата само неколику недели по импичментот во Претставничкиот дом, по што Сенатот го ослободи од вина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top