Трамп доби одлична оценка на тестот за деменција

Американскиот претседател Доналд Трамп, минал „исклучително добро“ на тестот за деменција, кој беше спроведен во минатата недела, изјави вчера неговиот доктор Рони Џексон..

Првиот претседателски тест на Трамп, како што додаде, бил со цел да ги детектира раните знаци на губење на меморијата и на други лесни когнитивни нарушувања. 

„Иако 71 годишниот Трамп е со прекумерна тежина и треба да ја намали масната храна и да вежба повеќе, „целокупното здравје на претседателот е одлично“, рече Џексон, кој додаде дека Трамп ќе остане здрав за време на неговиот четиригодишен мандат. „Тоа се вика генетика. 

Тој има неверојатно добри гени и тоа е начинот на кој Бог го создаде“, додаде тој. Американските претседатели вообичаено не прават когнитивни тестови за време на нивните физички испити. Но, Џексон рече дека Трамп лично побарал таков тест, како одговор на критичарите за неговата ментална компетентност.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top