Трамп добил писмо од Ким - бара нов состанок

Американскиот претседател Доналд Трамп добил денеска писмо од севернокорејскиот лидер, Ким Џонг ун..

Ким во писмото побарал од Трамп да сде одржи втор состанок меѓу двајцата претседатели , што наиде на одобрување во Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа , Сара Сандерс изјави дека писмото на Ким било топло и позитивно. Според Сандерс, воената парада што се одржа во неделата во Пјонгјанг е знак дека преговорите за денуклеаризација се успешни .

На парадата ен било прикажано никакво нуклеарно оружје со голем дострел. Трамп и Ким на средбата во јуни во Сингапур се договорија за целосен прекин на нуклераната програма од страна на Северна Кореја.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top