Трамп: Договорот со Ким Џонг-ун спасува милиони луѓе

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговиот договор со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ќе спаси десетина милиони луѓе од евентуална нуклеарна војна..

Тој истакна дека она што досега е направено, е неопходно за мир.

„Не сакам да видам како нуклераното оружје ве уништува вас и вашите семејства“, изјави Трамп пред новинарите.

Тој додаде дека луѓето до неговата средба со Ким, мислеле дека САД ќе влезат во војна со Северна Кореја.

„Ако завојувавме ќе настрадаа милиони луѓе“, рече Трамп.

Историскиот состанок меѓу Трамп и Кин што се случи на 12-ти јуни, заврши со потпишување на заедничка декларација во која се опфатени клучните прашања за севернокорејската нуклеарна програма.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top