Трамп: Фала му на Путин што протера американски дипломати, ќе заштедиме на плати

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја шокираше јавноста кога на вчерашната прес-конференција наместо да го критикува, му се заблагодари на рускиот колега Владимир Путин за одлуката да го намали бројот на американски дипломати во Русија..

Прекинувајќи го речиси двонеделникот молк за наредбата на Путин да се намали бројот на американски дипломати во Русија за 755 луѓе или речиси за една третина, Трамп рече:

„Многу му сум благодарен што овоможи заминување на толку голем број вработени, сега имаме помалку луѓе на платен список.“

Трамп додаде дека „нема правна основа да ги вратиме назад и ќе заштедиме многу пари на плати“, како реакција на потегот на Путин во стилот на Студената војна. Останатите американски претседатели во досегашната историја во слични околности досега реагирале многу поразлично.

Изјавата на Трамп исто така е во целосна спротивност на ставот на Стејт департментот од каде рекоа дека наредбата од Москва е „жалосен потег што со ништо не беше испровоциран“.

Стејт департментот не реагираше на изјавата на Трамп.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top