Трамп ги повика јапонските компании да инвестираат во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика јапонскиот деловен светда ги зголеми инвестициите во САД..

Трамп со посетата на Јапонија, сака да покаже дека односите меѓу двете земји се силни, иако трговските односи се проблематични.

Токиската кула „Скајтри“, која е највисока зграда во Јапонија, по повод посетата на Трамп, светеше во боите на американското знаме.

Трамп се сретна со директорите на компаниите “Тојота“, „Нисан“, „Хонда“, „Софтбанк“ и „Ракутен“. Тој им порача дека нема подобро време од сега за инвестирање во САД и повтори дека претходната политика спречувала остварување на целосен потенцијал на американскиот економски раст.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top