Трамп ги пречека американските затвореници ослободени од Северна Кореја

Тројцата Американци Ким Донг Чул, Ким Хак-сонг и Ким Санг Дук слетаа на американска територија, само неколку часа откако беа ослободени од притвор во Северна Кореја..

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија ги пречекаа на аеродромот и им посакаа добредојде.

Меѓу присутните кои ги пречекаа беа и потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга, како и Државниот секретар Мајк Помпео, кој вчера беше во Северна Кореја и преговараше за нивното ослободување.

Тројцата Американци поминаа неколку месеци зад решетки во изолираната комунистичка земја.

Во меѓувреме, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјавил дека го прифатил предлогот на САД да ги ослободи американските државјани, кои се наоѓаа во затвор во Северна Кореја и да ги помилува. Тој рекол дека претстојниот самит со америкаскиот претседател Доналд Трамп ќе биде прекрасен чекор кон подобрување на ситуацијата на Корејскиот полуостров, пренесе КЦНА.

Според севернокорејската државна новинска агенција, Ким постигнал задоволувачки консензус со американскиот државен секретар Мајк Помпео, со кого се сретна пред два дена.

Како што пренесува КЦНА, ова е досега најнов знак на подобрување на односите меѓу двете земји, во пресрет на историскиот самит меѓу Трамп и Ким.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top