Трамп ги предупреди граѓаните на опасност од ураганот Ирма

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на деструктивната моќ на ураганот Ирма, кој достигна четврта категорија и забрзано се движи кон Флорида..

Тој ги повика граѓаните, кои се најзагрозени од удар на ураганот, да ги почитуваат препораките на Владата.

– Тоа е бура која има апсолутно историски деструктивна моќ. Ги молам сите кои се наоѓаат на нејзиниот пат да бидат внимателни и сериозно да ги прифтат препораките на владините претставници и полицијата, изјави Трамп преку видео снимка.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top